5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Бектеши вели дека до крајот на неделата ќе се одлучи за евентуално ново замрзнување

НАЈЧИТАНО

Одредени трговци драстично ги зголемија цените на основните прехранбени производи кои претходно со одлука на Владата имаа замрзнати маржи и намалено ДДВ. Овие трговци имаат монопол на пазарот за одредени производи и по завршување на мерките цените се зголемија за 50 до 70 проценти, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа.

– Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестенините и на некои други производи. Кај маслото за јадење и други производи вратен е само процентот од делот на ДДВ. Ќе донесеме заклучок  за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени. Има одредени компаниии кои вештачки ги зголемиле цените над 50 отсто па дури и до 70 отсто со цел да ја искористат ситуацијата на грбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот – рече тој.

Министерот кажа дека заедно со надлежните институции, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се анализираат податоците со цените.

– Доколку овие трговци сами не ги вратат цените со нормални маржи тогаш повторно ќе донесеме непопуларни мерки, се со цел да го заштитите стандардот на граѓаните – кажа министерот и потенцираше дека до крајот на неделата во координација со Коморите, трговците и производителите ќе се донесе одлука дали и какви мерки ќе бидат донесени.

-Во координација со сите Стопански комори беше донесена одлука мерката за замрзнување на цените на производите да не се продолжи после 1 јуни, за да се остави пазарот сам да ги одреди цените. Но, доколку утврдиме дека има злоупотреби и манипулации тогаш ќе реагираме веднаш – кажа Бектеши и потенцираше дека Ребалансот на буџетот е веќе во собраниска процедура, штом ќе биде донесен ќе креираме нови мерки согласно потребите и на граѓаните за да се зибегнат големи ценовни шокови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО