17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Беким Сали:Протокол имаме и тој уште во 2019 година,но е обемен и не го читаат?!!

НАЈЧИТАНО

-„Не можете да речете дека кај нас не постои протокол за лекување пациенти со коронавирусот, бидејќи таков протокол имаме и тој уште во 2019 година е напишан од страна на професори од Клиниката за инфектологија“, рече вечерва министерот за здравство Беким Сали, потенцирајќи дека протоколот е прилично обемен и напишан е на триесетина страници.

– Протоколот е распределен кај сите здравствени институции. Јас лично го имам видено протоколот, кој е прилично обемен, напишан е на триесетина страници и таму е јасно наведено како треба да се постапува при одредени ситуации. Во периодот од две години, тој протокол претрпел измени врз основа на сите соеви на коронавирусот кои се појавија во нашата земја. Морам да напоменам дека ние знаеме само за четири варијанти, а во светот постојат околу 50 соеви. Па така, секогаш кога ќе се појави нов сој, ние правиме нови анализи и даваме нов протокол. Искрено жалам поради тоа што одредени лекари и институции не го следеле протоколот и дејствувале врз основа на кратки протоколи коишто ги зајмувале од соседни држави. И тоа не е грешка, но не можеме да речеме дека нема протокол кај нас. Ние можеби сме само мрзеливи да читаме протокол од триесетина страници – рече Сали во вечерашното гостување во „Само вистина“.

Тој рече дека се работи на тоа да се изработи форма на протокол кој ќе биде достапен за јавноста.

– Ако сега вие го погледнете протоколот, верувајте дека нема ништо да разберете, бидејќи тој е напишан стручно и користени се само стручни термини. Но, сега работиме на тоа да направиме јавно достапен протокол, а кој нема да се злоупотребува од граѓаните кои врз основа на тој протокол ќе се лекуваат дома сами – истакна министерот.

Тој појасни дека на неделна основа се анализира епидемиолошката состојба во државата и врз основа на таа анализа се носат одлуки и чекори.

– Во моментов пикот на омикрон сојот е во благо опаѓање и сега доаѓаме во фаза на хоспитализации. Од аспект на кадар и простории, здравствени власти имаат доволно за справување за хоспитализација на пациентите. Нашето општество има отпор кон вакцинација и тоа е голем проблем. Немаме финално решение за тоа. Ќе продолжуваме да апелираме и да обезбедуваме вакцини и понатаму – информира Сали.

Од посетите на неколку ковид-центри низ земјава, министерот потенцира дека видел добра грижа и макотрпна работа на здравствените работници.

– Има максимални напори. Жално е тоа што е низок бројот на вакцинирани. Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која е необјасниво зошто се прави. Теории на заговор, неспособност… Ние се трудиме да ги развиваме нашите позитивни политики – рече Сали.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО