8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Беарбок смета дека тоа нема да биде офанзива, туку тајна операција

НАЈЧИТАНО

Најверојатното сценарио за руски напад врз Украина не е целосна инвазија, туку „операција под лажно знаме“ или државен удар, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

– Инвазијата не е целосно невозможна, но не сум сигурна дека тоа е навистина најверојатното сценарио, истакна Баербок во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Таа ги наведе како најреално сценарио за рускиот напад врз Украина операцијата „лажно знаме“, државен удар, кибер напад или онеспособување на украинската витална инфраструктура.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера изјави дека постојат стравувања оти Русија може да исценира причина за воен напад врз Украина и дека НАТО има информации за присуство на голем број руски разузнавачи во регион Донбас.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО