0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Бајиќ бара алтернатива да лета за Грузија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ нема да патува заедно со кошаркарите, бидејќи не му е дозволен влез во Косово. Македонската репрезентација на мечот против Грузија ќе игра во Тбилиси, но целото патешествие ќе почне од Косово.

Она што е особено интересно е дека од комплетната експедиција на македонската репрезентација само Бајиќ, кој е од Босна и Херцеговина и е тренер на Игокеа, не доби виза, иако во стручниот штаб има уште двајца членови од БиХ.

Од таму кошаркарите ќе заминат за Истанбул, од каде ќе имаат авионски лет за Тбилиси. Селекторот ќе ја води Македонија на мечот против Косово, но нема да биде дел од еден од двата предвидени тренинзи, бидејќи ќе мора порано да тргне кон турската престолнина.

– Во моментов се наоѓам во Скопје и сум шокиран од информацијата дека не ми е дозволено да влезам во Косово. Ова направи голем проблем на македонската федерација, бидејќи мораа да барат алтернативни решенија како да стигнам до Истанбул, од каде што после летаме кон Тбилиси. Решението е најдено, но со напомена дека ќе мора да пропуштам еден од двата предвидени тренинзи, бидејќи ќе мора порано да тргнам кон турската престолнина – изјави Бајиќ за „Српска инфо“.

Селекторот Бајиќ на мечот против Грузија нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски. Натпреаврот меѓу Грузија и Македонија е закажан за во четврток од 16 часот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(Видео) Дали некогаш сте виделе ваква несреќа во теретана? Сите се собраа околу неа и ја следеа акцијата за спасување

Косата на девојчето се заплетка во апаратот додека вежбала, а спасувачката акција траела десет минути. На социјалните мрежи кружи видео од чудна несреќа снимена во...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека...

Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на...
spot_img
spot_img
spot_img