5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Бајден: Ние сме во посилна позиција од кој било друг

НАЈЧИТАНО

Американскиот претседател Џо Бајден реагираше на предупредувањата на економистите дека САД можеби се движат кон рецесија, пишува Б92.

– Прво, рецесијата не е неизбежна, и второ, ние сме во посилна позиција од која било нација во светот да ја надминеме оваа инфлација – изјави тој во интервју за АП.

Претседателот причините за оптимизам ги гледа во релативната сила на Америка во светот. За него, американскиот народ е „многу, многу депресивен“ по две турбулентни години од пандемијата на корона вирусот, економска нестабилност и згорат на тоа зголемените цени на горивото кои влијаат на семејните буџети.
– Потребата за ментално здравје во Америка е огромна, бидејќи сè на што луѓето сметаа е нарушено и пропаднато, но најголемиот дел од тоа е последица на кризата со ковид – рече Бајден.

Бајден зборуваше и за тешките избори со кои тој се соочи. Американскиот лидер ја нагласи потребата САД да му се спротивстават на рускиот претседател Владимир Путин во врска со окупацијата на Украина, иако токму санкциите кои тој ги иницираше му создадоа проблеми дома, поради покачените цени на бензинот.

Бајден ги повика нафтените компании да ги разгледаат краткорочните глобални потреби и да го зголемат производството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО