18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Бајден е загрижен за својот колега, се обидува да ги сфати неговите потези

НАЈЧИТАНО

Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради тоа што неговиот рускиот колега, Владимир Путин, нема стратегија за излез од украинската војна. Затоа, Бајден се обидува да смисли што да направи, јавија британски медиуми.

Говорејќи на политички митинг, каде се собираа парични донации, Бајден изјави дека Путин погрешно верувал, оти, окупацијата на Украина ќе ги разбие НАТО и Европската Унија. Според Бајден, Путин е многу пресметлив човек и проблемот што сега го загрижува, е, тоа што рускиот лидер „моментално нема излез“.

– Јас се обидувам да сфатам што да направиме во врска со ова прашање – истакна претседателот на САД.

Говорот на Путин е ревизија на историјата

Дека Путин нема јасна стратегија оценија светските аналитичари по неговиот изненадно краток говор вчера на парадата за Денот на победата. Ревизија на историјата, вака го оцени Белата куќа, говорот на рускиот претседател. Аргументот на Путин оти западната агресија довела до војна во Украина е „очигледно апсурдна“, јавија странски медиуми.

Според портпаролката на Белата куќа, Џенифер Псаки, говорот на Путин е „ревизионистичка историја, што доби форма на дезинформација“.

Окупацијата била превентивна?

Се работи за изјавата на Путин кој вчера потенцираше дека Русија превентивно се спротистави на агресијата и дека тоа била единствената правилна одлука. Тој, во обраќањето на парадата на Црвениот плоштад во Москва, тврдеше дека НАТО ја проширувал воената инфраструктура, оти почнале да работат стотици странски советници и редовно се доставувало најсовременото оружје до членките на Алијансата.

– Опасноста се зголемуваше секој ден. Русија превентивно се спротистави на агресијата – тоа беше присилна, навремена и единствена правилна одлука на суверена, силна и независна земја – изјави Путин во краткиот говор кој ги изненади сите.

 Оживеан законот од Втората светска војна

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, со што повторно се активира законот од Втората светска војна.

– Украинците секој ден се борат за своите животи – рече Бајден во Овалната соба, додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“.

Потпишаниот документ, „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година“,  се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да ѝ помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер. Тој беше поддржан од речиси сите претставници во Конгресот, освен десетмина од Претставничкиот дом кои гласаа против, се вели во соопштението на Белата куќа.

Од почетокот на руската окупација на Украина, администрацијата на Бајден му испрати на Киев воена помош од околу 3,8 милијарди долари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО