23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Барселона не се откажува од Левандовски

НАЈЧИТАНО

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона планира да достави до Баерн Минхен нова понуда за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, објави денеска германскиот весник „Билд“.

Новата понуда би можела да се најде на масата веќе пред крајот на оваа седмица. Првата понуда која Барселона ја испрати за услугите на Левандовски изнесуваше 32 милиони евра, сума која Баерн ја оцени како недоволна.
Раководството на Баерн инсистираше дека нема да му дозволи да замине на Левандовски, кој има важечки договор до идното лето, но полскиот репрезентативец изјави неодамна дека неговата приказна со клубот од Минхен по осум годишна врска е завршена.

Клупското раководство сега е подготвено да дозволи заминување на Левандовски за „реална цена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО