26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Ахмети е оптимист дека спорот ќе се реши

НАЈЧИТАНО

Јас не сум во кампусот на песимистите и сметам дека до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.

– Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука – рече Ахмети.

Ахмети потенцира дека тие се за решавање на проблемите и смета дека и за Бугарија е добро да се најде решение.

– Цел на нашето делување како политичка партија, но и секојдневното комуницирање што го имаме со нашите коалициски партнери и со опозициските партнери, велиме дека сега е моментот и сега треба да најдеме решение и треба да демонстрираме храброст,  но за добро и на нашата држава, но и на Бугарија е ова прашање и овој елипог да биде позитивен – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО