5.3 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Африка допрва треба да добие дози за мајмунски сипаници, иако таму има најмногу смртни случаи

НАЈЧИТАНО

Во борбата за вакцини против мајмунски сипаници, Европската унија и САД повторно ја оставија Африка зад себе. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека има околу 16 милиони дози, главно во рефус, од единствената вакцина одобрена за заштита од мајмунски сипаници. Но, никој не им дели дози на Африканците, пишува Политико.

Фактот што во Африка има најмногу случаи со оваа болест не ги промени нештата. Ова е удар на светската солидарност во здравството, велат многу активисти. Сличноста со пандемијата од ковид-19 каде се случи истото е повеќе од впечатлива. Милиони дози вакцини се достапни на глобално ниво, но богатите земји си го обезбедија лавовскиот дел.

Сто смртни случаи во Африка, наспроти неколкумина во светот

Од почетокот на годината, повеќето од десетици илјади случаи на мајмунски сипаници се пријавени надвор од Африка. Но, поголемиот дел од смртните случаи се на континентот, при што најновите бројки на ЦДЦ за Африка укажуваат на тоа дека 104 луѓе починале од мајмунска сипаница годинава во африканските земји. Надвор од Африка, има само неколку смртни случаи.

– До денес, нема вакцини што сме ги примиле како Африка за мајмунски сипаници, иако продолжуваме да се ангажираме со релевантните институции и нашите партнери ширум светот за да се обидеме да добиеме вакцини против мајмунски сипаници – рече Ахмед Огвел Оума, вршител на должноста генерален директор на Африканската ЦДЦ.

Африкански наспроти европски животи

Мајмунските сипаници првпат беа идентификувани кај луѓето во 1970 година во Демократската Република Конго и оттогаш се проширија и станаа ендемични во неколку африкански земји, вклучувајќи ги Централноафриканската Република, Бенин и Нигерија.

– Овие нееднаквости во здравството не се ништо ново. Го гледавме тоа со генерации, особено во однос на пристапот до третман на ХИВ и го видовме во врска со ковид-19 – рече Сузан Кол, менаџерка во британска добротворна организација која обезбедува информации за ХИВ-вирусот.

„Гневот е јасен. „Огромното мнозинство на смртни случаи поради #мајмунски сипаници се на африканскиот континент. Сепак, Африка останува единствениот дел од светот без дози од вакцината. Неправедни! Срамота!“, твитна шефот на УНАИДС Вини Бјањима на 10 август.

САД нарачале 12 милиони вакцини

 Во меѓувреме, „Бавариан Нордик“, фирмата производител на вакцината одобрена за мајмунски сипаници, рече дека оценките за ограничена понуда се само „гласини“ и дека земјите што бараат дози ги примиле. И покрај тоа што производствениот капацитет на компанијата ја прекина работата додека нејзиниот капацитет е проширен, има неколку милиони дози рефус вакцина на залиха.

Сепак, Ролф Сас Соренсен, шеф за односи со инвеститорите, за Политико изјави дека „огромното мнозинство им припаѓа на САД“ како дел од долгогодишниот договор со Управата за напредно биомедицинско истражување и развој. Кога САД ќе ги побараат вакцините, тие ќе бидат наполнети во ампули и ќе им бидат доставени, рече тој, но тие не можат да бидат продадени на други клиенти.

Соединетите држави имаат дури 12 милиони дози од „Бавариан Нордик“ во своите залихи, но треба да најдат компании за флаширање на најголемиот дел од вакцината.

Заразени, сепак, има најмногу во Европа

Бројките на СЗО за потврдени случаи по регион покажуваат дека Европа го носи најголемиот дел од случаите со мајмунски сипаници со над 18.000, а Америка е блиску зад неа со околу 13.000 случаи. Потврдените случаи во Африка се нешто помалку од 400, иако податоците на Африканската ЦДЦ за сомнителни случаи покажуваат дека бројот веројатно блиску до 3.000.

ЕУ и Обединетото Кралство имаат обезбедено договори за над 160.000, односно над 130.000 дози.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО