4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Аукционерската куќа „Сотби’с” во февруари ќе стави на наддавање дрес на американската кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Аукционерската куќа „Сотби’с” во февруари ќе стави на наддавање дрес на американската кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година. Првичните проценки говорат за пет до седум милиони долари, а овој пазар привлекува богати колекционери и инвеститори од целиот свет, па неретко се постигнуваат и рекорди на аукциите.

Жолто-виолетовиот дрес со број 24 на Коби Брајант е понуден на продажба од сопственикот кој претпочита да остане анонимен. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс го носеше тој дрес на 25 натпревари во годината кога беше прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната 2007/2008, соопшти „Сотби’с”.

Во мај 2022 година, дресот што го носеше аргентинскиот фудбалер Диего Марадона на Светското првенство во 1986. беше продаден за 9,3 милиони долари. Во септември лани, за 10,1 милиони долари беше купен дрес со бројот 23 што го носеше кошаркарот на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, во 1998 година.

– Во текот на целата сезона тој го носеше дресот 25 пати и постигна 645 поени во неа – изјави Брам Вахтер од „Сотби’с”.

Дресот ќе биде изложен во Њујорк од 1 февруари, а е дел од големото интернет-наддавање на предмети од светот на спортот што ќе се одржи од 2 до 9 февруари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img