17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Арсовски: Mинистерството за политички систем и вицепремиерот Артан Груби 30.000 евра троши на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата

НАЈЧИТАНО

Mинистерството за политички систем и вицепремиерот Артан Груби 30.000 евра троши на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски како дел од серијата предупредувања за луксузни трошоци на владата.

– Новоформираното министерство и новопечениот вицепремиер потпишале тендер од 350.000 денари за перење автомобили. За овие пари секоја недела преку целата година треба да се перат најмалку 30 возила. Ниту Министерството има потреба од 30 возила секој ден, ниту пак е потребно секоја недела да се перат сите 30 возила, а знак прашалник е дали тоа Министерство има 30 возила на располагање – вели Арсовски.
Тој вели дека за ажурирање на веб сајт ова Министерство одвоило 530.000 денари.

– Па на толку вработени во МИОА и во Министерството во кое што раководи самиот вицепремиер, е тотално непотребно да се одвојат дури 7.500 евра за ажурирање веб сајт, каков и да е. Пропратно и 400.000 денари се двојат на жардиниери и уште 470.000 денари за консултантски услуги за јавни набавки. Сето ова можеле да го завршат институциите на Владата кои што ги имаме во државата, кои што се одговорни и за јавни набавки кои што имаат вработени експерти и за сите останати работи на кои што се трошело пари. Овие 30.000 евра можеле да ги пренаменат ако сакале за други работи, но, незаинтересираноста за кризата која следела не им била предмет на размислување. Можеби за оваа Влада и за нив 30.000 евра и не се некои огромни пари, но затоа со овие пари можеле на над 100 социјално ранливи семејства како еднократна помош да им ги поделат за да можат да преживеат одредено време – рече Арсовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО