20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Арахамија тврди дека се придржуваат до Истанбулското соопштение

НАЈЧИТАНО

Шефот на украинската преговарачка делегација Давид Арахамија изјави дека Киев во преговорите со Руската Федерација се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени ставовите.

„Украинската страна се придржува до Истанбулското коминике и не ги промени своите позиции и покрај изјавите на рускиот министер за надворешни работи (Сергеј Лавров). Единствената разлика е во тоа што не ги земаме предвид сите дополнителни прашања, што не беа вклучени во Истанбулското коминике. Најверојатно тоа предизвика погрешно толкување на моменталната состојба во преговарачкиот процес“, објави Арахамија на Телеграм.

Тој додаде дека преговорите за договор за безбедносни гаранции за Украина продолжиле преку интернет.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека преговорите со Украина се во застој и оти „украинската страна се повлекла од Истанбулскиот договор“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО