2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Апел од МНР до македонските граѓани

НАЈЧИТАНО

Министерството за надворешни работи денеска информира дека сè уште важи апелот до државјаните на земјава доколку се во можност да ја напуштат Русија, упатен на 28 февруари годинава, кога беа воведени рестриктивните мерки кон Москва, како одговор на руската инвазија на Украина.

Во апелот од февруари, МНР ги повика нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација да ги искористат расположливите комерцијални летови и копнени линии за напуштање на земјата, со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и нашата, за затварање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.

Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања во таа земја, се наведува во соопштението на МНР.

Од МНР посочуваат дека за поддршка на државјаните на земјава кои се наоѓаат во Русија на располагање се телефонските броеви во нашата Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен) и + 79 58 643 34 63 (мобилен), како и и-мејл адресите: moscow@mfa.gov.mk и Olivera.dimovska@mfa.gov.mk. Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО