2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Анџело се криел во објект во Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека Анџело Ѓорѓиевски, еден од првоосомничените за убиството на ракометарот Денис Тот од Хрватска, по сите оперативни информации и стеснет простор е пронајден и приведен во станицата во Аеродром. Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагите, нагласи, мора да се водат низ институциите.

– Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа – рече Спасовски вечерва во 24 анализа на телевизија 24.

Спасовски нагласи дека се покажало деновиве и во сите процесни дејствија преземени дека нема ниту во еден момент, ниту помисла, ниту причина, ниту мотив, да се скрие убиство.

– Политиканства од типот барање врска помеѓу нешто што се случувало за времето на режимот и ова што се случува сега, апсолутно не може да се воспостави и тоа е аргументирано со повеќе факти. Не би сакал вечерва или било кога да навлегувам во какво било политиканство и да правиме какви било паралели. Ефикасноста на сите институции и на полицијата, и на Јавното обвинителство, мерки преземање врз основа на сите процедури што се во вакви ситуации придонесоа да се затвори целиот случај – рече Спасовски.

Немало траги на насилство

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска вечерва потврди дека хрватскиот ракометар Денис Тот бил донесен на Клиниката без видливи траги на насилство. Трагите, како што рече, не биле видливи поради немање циркулација, не се забележани модринки, скршеници или повреди на ребра.

Мојсовска во 24 Анализа појасни дека е констатирано оти пациентот бил без срцева реакција, без притисок и без сатурација. Тот, напомена, бил донесен практично мртов. Спасувањето траело околу 15 минути и било неуспешно, се до последен момент кога е добиена срцева реакција.

– Во координација со дежурниот анестезиолог е решено да се направи компјутерска томографија. Брзата помош го најавува пациентот во Ургентниот центар како пациент кој е животозагрозувачки со некоја пулсна фреквенција на срцето која е спорна зошто срцето работи автоматски и во извештајот се вели без видливи повреди на телото – објасни Мојсовска.

Директорката на КАРИЛ заклучи дека последниот збор во врска со смртта на хрватскиот ракометар ќе го има извештајот од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Доказите биле обезбедени во рок од 24 часа

Обвинителот Гаврил Бубевски изјави дека во рок од 24 часа се обезбедени скоро сите докази за овој настан, а во рок од седум дена постапката веќе има осомничени лица, кои се во притвор, против нив постапката сега засега се води за кривично дело убиство. Во текот на постапката ако се приберат други докази кои ќе укажуваат на други докази како настапила смрта и дали има некаква индикација дали лицето било свесно додека било удирано во главата, тоа може да предизвика потешка правна квалификација, ќе биде јавноста известена.

– Во овој момент додека не ја добиеме наодот од Институтот за судска медицина, ова е правната квалификација, предметот се процесуира, се собираат докази, се прибираат изјави на сведоци. Во текот на наредната недела ќе бидат испитани и осомничените и за многу брзо време овој предмет ќе добие и судска постапка – изјави обвинителот Бубевски во 24 анализа.

Според него, изјавата од Клиничкиот центар дека при првичниот преглед не се утврдени траги од насилство на телото на сега починатиот ракометар, е лоша проценка.

– Проценка е дека во тој момент не ги виделе повредите што биле на главата. Тие си постапувале медицински за да го излекуваат лицето колку можат. Тоа е нивната проценка, но се покажа дека е лоша проценка, не е друг во прашање – изјави меѓу другото обвинителот Бубевски.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img