2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Анчелоти: Пеналот против нас е измислен

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по ремито (1:1) со Џирона изјави дека судењето на тој натпревар е лоша, и дека нема пенал за каталонскиот тим.

„Не сакам да коментирам за судењето, но ќе го направам тоа сега. Првата ситуација е сосема јасна, не е пенал затоа што не ја допира топката со рака. Зборував со Асенсио и тој вели дека топката го удрила во градите. Вистина е дека левата рака е во малку чудна положба. Ако ја допре топката со рака може да има сомнеж, но тој едноставно немаше контакт. Измислија пенал. Втората ситуација е малку подискутабилна, правилото е јасно, немаше јасна контрола, но таму можеш да кажеш свое мислење. Нема да дискутирам за тоа. Она што ме изненадува е пеналот, кој дојде во важен момент од играта, не чинеше многу. По оваа ситуација имаме два бода помалку на табелата“, изјави Анчелоти.

Италијанскиот стручњак смета дека осцилациите во играта на неговиот тим се нормални.

„Можевме да одиграме подобро, но во моментов е тешко да се има многу високо ниво на игра. Вложивме многу труд за да победиме. Не бевме на нивото на кое бевме минатата недела, имавме проблеми со враќањето на повредените играчи, Родриго, Модриќ, Чуамени… Играме многу натпревари и се чувствуваме уморни. Имаме шанса во среда да бидеме први во Лигата на шампионите и тоа е целта пред паузата. Имаме сè под контрола во моментов. Натпреварите се комплицирани против сите тимови, тоа е нормално. Нивото не е големо бидејќи има многу натпревари, премногу, а нема време играчите да се опорават 100 проценти физички и психички. Не гледам некој да игра спектакуларно, сите тимови страдаат“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 32 бода, додека второпласираната Барселона има само бод помалку. Кралскиот клуб во среда игра против Селтик во Лигата на шампионите, додека викендов гостува кај Раџа Ваљекано во домашниот шампионат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Николенко: Со изјавата дека Крим никогаш повеќе нема да биде Украина хрватскиот претседател го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина

Со изјавата дека Крим никогаш повеќе нема да биде Украина хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина и тоа...

Холивудскиот актер Том Круз го крена светот на нозе со улогата во филмот „Топ Ган“, а потоа и со франшизата „Невозможна мисија“

Холивудскиот актер Том Круз го крена светот на нозе со улогата во филмот „Топ Ган“, а потоа и со франшизата „Невозможна мисија“. Круз најчесто можеме...

Поправајќи ја канализацијата, откриле древна статуа на Херкул

При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27...
spot_img
spot_img
spot_img