20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Анри станува еден од сопствениците на италијанскиот клуб

НАЈЧИТАНО

Италијанските и француските медиуми пренесуваат дека легендарниот француски фудбалер Тиери Анри станува еден од акционерите на италијанскиот клуб.

Станува збор за италијанскиот второлигаш Комо. Медиумите пренесуваат дека поранешниот напаѓач на Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона следната недела ќе пристигне во Комо за да ја финализира зделката.

Неодамна, редовите на Комо ги засили поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас, кој како дел од договорот стана еден од акционерите на клубот.

Комо беше исфрлен во Серија Д поради финансиски проблеми во пресрет на сезоната 2017/18, но се врати откако беше преземен од индонезиската фирма Djarum Group, управувана од браќата Хартон.

Клубот набрзо се проби во Серија Б, а една од целите е и промоција во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО