22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Анкета за финансиска писменост на деца од 13 до 15 години

НАЈЧИТАНО

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали.

На прашањето „дали сметате дека имате доволно знаење да управувате со расположливите парични средства?“, во 2021 година 41% одговориле дека имаат делумно знаење, додека 56% рекле дека имаат знаење. Во 2022 година, 55% од испитаниците сметале дека располагаат со делумно знаење за управувањето со парите, додека 43% сметале дека располагаат со знаење. Овие резултати, според НБ, укажуваат дека има широк простор за унапредување на финансиската едукација кај оваа возраст.

Од аспект на тоа од каде се информираат за функциите и управувањето со парите, и во 2021, и во 2022 година испитаниците го посочиле семејството како главен извор со 37%, односно 41% од сите анкетирани. Понатаму со речиси иста застапеност се училиштето, интернетот и медиумите.

Според анкетата, учениците се најзапознаени со услугите на банкарскиот систем, и тоа 42%, односно 33% во 2021 и 2022 година, соодветно. Овие резултати соодветствуваат со структурата на финансискиот систем во државата. Сепак, тоа укажува дека има потреба од едуцирање и за останатите сегменти од финансискиот систем.

На прашањето каква едукација претпочитаат учениците, најголемиот дел од нив, или 35%, односно 29% во 2021 и 2022 година, соодветно, одговориле дека претпочитаат класична настава. Втори на листата посакувани едукативни методи се видеоматеријалите, па едукативните текстови на интернет и печатените брошури, наведуваат од НБ.

* Предавања од областа на финансиската едукација од страна на Народната банка, може да се закажуваат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/baranje-za-e-predavanje-fin-edu.nspx

** Народната банка го преведе и Водичот за лични финансии (https://www.nbrm.mk/content/Pametno_upravuvanje_so_parite__web.pdf) на албански јазик, достапен на следнава врска:  https://www.nbrm.mk/content/Menaxhimi-i-men%C3%A7ur-i-parave-web.pdf.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО