17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

„Анима мунди“ прашуваат дали кучињата се убиени или се продадени во странство?

НАЈЧИТАНО

По поднесена пријава и барање за спроведување на инспекциски надзор во ЈП Лајка по повеќе основи, се потврдија нашите тврдења дека недостига обемна документација, архивски кластери за судбината на 102 кучиња заловени и третирани од ЈП Лајка, информираат од здружението за заштита на животни „Анима мунди“.

„Повторуваме, изгубена е секоја трага за тоа како и каде завршиле 102 животни заловени и третирани во времето на мандатот на директорката Тина Петрушевска, директорка која во времето на својот мандат преку годишните извештаи за работа прикажа вкупни 15 еутаназирани кучиња (терминално болни), причина поради која ретко и го критикувавме нејзиното работење. Директорка која 2 години градеше имиџ на активист и направи се да ги држи активистите подалеку од стационарот. Потсетуваме, во месец ноември на разрешената директорка и доставивме барање на инф. од јавен карактер во однос на еутаназираните животни во Лајка – колку кучиња се убени. Тоа го направивме поради реакции на граѓани за убиени мирни маалски миленици и самоволието на директорката да лично одлучува дали некое куче ќе биде убиено. Токму тој период Петрушевска пријави пријави провала во стационарот. Прашуваме, дали е лажирана провалата во стационарот, со цел да исчезнат документи од работењето на ЈП Лајка, за секогаш да се забошоти трагата за крајот на 102 кучиња – прашуваат од „Анима мунди“.

Од здружението побараа истрага и одговор на две прашања:

– Дали кучињата се живи или убиени и дали ЈП Лајка вршела сомнителни вдомувања, продажба на животни во странство, пред се во Германија? Дали затоа примарен фокус на Лајка беа расни кучиња со сопственик, каде што лицата мораа да плаќаат и буквално да молат за да си го повратат своето куче – додека на улиците беа игнорирани илјадници бездомни , на кои им требала итна стерилизација или помош. Да се провери колку и кои животни се изнесени од земјава и под кои услови, поточно дали Петрушевска или било кој друг остварувал профит со дејност која е нехумана и незаконска – порачаа од „Анима мунди“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО