5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Андоновски вели дека задоцнет е предлогот на Џамбаски да му биде забранет влезот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Пендаровски сака да го игра лошиот полицаец, а Османи добриот полицаец односно Бујар Османи да дозволува влез на вакви лица, а додека Пендаровски препорачува дека тоа не е соодветно знаеме дека тој нема надлежност. Вака Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМЕ во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител вечерва ја коментираше денешната изјава на Пендаровски во врска со тоа на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да му биде забранет влезот во Македонија.

Андоновски, кој е секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ смета дека предлогот на Пендаровски е задоцнет и дека тоа требало да се случи на денот кога Џамбаски провоцираше на кејот на Вардар.

– Ќе очекував денот кога беа настаните на Џамбаски неговите настапи во кои ја негираше, Македонија, македонскиот народ и јазик, истиот ден да биде прогласен за персона нон грата, испратен до граница и да има реакција од МНР до Европскиот парламент. Ако имале вистинска намера можеле истиот ден да постапат. Со 10 дена задоцнување и кога Османи кажа дека не смета дека треба да се донесе таква одлука, ова е само замајување на јавноста – рече Андоновски според кого Пендаровски е познат по своите тривијални настапи во јавноста.

Андоновски го коментираше и случајот со тепањето на Пендиков во Охрид, Според него, службите требало да го разрешат случајот.

– Мислам дека вчера беше најтрагичниот ден. Гледајќи го Бујар Османи како министер за надворешни се почувствував навредено и засрамени затоа што стоејќи до бугарскиот министер за надворешни работи тој немо стоеше кога тој кажа дека во Македонија постојат црни традиции на насилство, убиства итн. Така што мислам дека Османи тоа што остана и не прокоментира дека единствените црни настани во македонската историја поврзани со насилство е бугарскиот фашистички окупатор и неговиот престој во Втората светска војна. Црна традиција е брутално тепање и мачење на Страшо Пинџур и Мирче Ацев каде подлегнуваат на повредите – изјави Андоновски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

„Макпетрол“ најави намалување на природниот гас за 41 денар

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ информира дека цената...

Кањонот Матка да се прогласи за споменик на природата

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата....

Засилувањата на Челзи би можеле да носат два различни броеви на дрес оваа сезона?

Засилувањата на Челзи би можеле да носат два различни броеви на дрес оваа сезона? Рекордното засилување на Челзи од британскиот клуб, Енцо Фернандез, кој пристигна...
spot_img
spot_img
spot_img