2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Англиската црква ќе дозволи благослов, но не и брак на истополовите парови

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Англиската црква денеска се извини за нејзиниот третман кон луѓето од ЛГБТ заедницата, иако на истополовите парови сè уште нема да им биде дозволено да се венчаат во нејзините цркви. Извинувањето на црковните бискупи стои во извештајот по петгодишната дебата за ставот на црквата за сексуалноста.

Извештајот ќе биде доставен до црковното национално собрание, Генералниот синод, кој ќе се состане во Лондон идниот месец.

„Сакаме да се извиниме за начинот на кој англиската црква се однесуваше со ЛГБТ луѓето, и оние кои се молат во нашите цркви и оние кои не се молат. Длабоко ни е жал за сите времиња што ве отфрливме или исклучивме, и вас и оние што ги сакате. Приликите во кои добивте непријателски и хомофобичен одговор во нашите цркви се срамни и жалиме поради тоа”, се вели во соопштението на бискупите.

Без оглед на тоа, ставот на Англиската црква останува дека бракот е дозволен само за заедница меѓу еден маж и една жена.

Црквата предложи на истополовите парови да им се понуди можност да имаат црковна служба со молитви за осветување, благодарност или за Божји благослов откако ќе имаат граѓанска венчавка или ќе се регистрираат како граѓански партнери. Истополовите бракови се легални во Англија и Велс од 2013 година, но црквата не го промени своето учење кога се смени законот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img