16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Ангелоски побара белградските власти да ангажираат македонски градежни фирми

НАЈЧИТАНО

Засилување на економската соработка меѓу компаниите од  земјава и од Белград со цел унапредување на економската соработка беше во фокусот на средбата на претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и заменик-претседателот на Собранието на Град Белград, Игор Јовановиќ која се реализираше вчера во рамки на посетата на Србија.

Ангелоски во Белград во кој интензивно се гради, виде одлична можност за вклучување на нашите градежни компании како изведувачи во овие проекти од нискоградба, високоградба, инфраструктурни проекти.

– Нашите компании имаат капацитет и се со докажано реноме во реализацијата на сериозни проекти во земјите од регионот, но и пошироко, може самостојно или здружено да настапуваат на странските пазари. Преку воспоставената соработка со локалната самоуправа во Белград веруваме дека може да се изградат директни релации кои ќе го направат подостапен пазарот во Србија за домашните компании што ќе поттикне потпишување на нови договори за реализација на градежни проекти – изајви Ангелоски.

Тој најави можност и за соработка во туризмот.

– Во трката по странски пазари ги запоставуваме можностите за соработка со земјите од регионот, иако тие се со најголем потенцијал. Во изминатиот период Сојузот е посветен на интензивирање на комуникацијата со сите ентитети кои можат да дадат поддршка во воспоставување на нови деловни релации, зајакнување на соработката на деловните заедници и креирање подобро бизнис окружување – рече Ангелоски.

Во наредниот период се планира соработката меѓу Сојузот од градската управа и Белград да биде и формализирана, како и да се организираат настани за вмрежување на деловните субјекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО