2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

„Ангелов ќе остане надвор сè додека не видиме знаци на промена“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков попладнево изјави дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов ќе остане надвор од Северна Македонија сè додека, како што рече, Софија не види знаци на промена.

Милков и Ангелов беа сослушани на Комисијата за надворешна политика. Во изјава за медиумите Милков рече дека „ако Северна Македонија продолжи да се однесува така возможно е повторно Бугарија да постави вето”.

– Македонија за да продолжи по својот европски пат мора да ги почитува преземените обврски во рамки на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат со децении, што значи дека нема да почнат преговори – изјави Милков.

Бугарскиот министер за надворешни работи додаде дека Софија останува отворена за дијалог ако се разгледуваат проекти за заштита на Бугарите во Северна Македонија.

– Ако тоа не се случи можеме да ги стопираме сите други меѓувладини проекти – рече Милков.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Спасовски му ветил на бугарскиот колега дека в сабота нема да има инциденти

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков...

Кремљ го демантира Лондон: Џонсон лаже!

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков тврди дека тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин се заканил дека ќе употреби...

Денешното рочиште за Мухамед Зеќири одложено поради здравствената состојба на обвинетитот

Денешното рочиште за Мухамед Зеќири мораше беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Зеќири ги известил полицајците од станицата во Карпош кои дошле да...
spot_img
spot_img
spot_img