24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Ангелов посакува никогаш да не се повтори војна во земјава

НАЈЧИТАНО

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов денеска на својот фејсбук профил повика  да не се крева непотребна меѓуетничка тензија поради новиот споменик на ОНА во Слупчане.

„Јас , како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001 година, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови.Тие нека си ги чевствуваат нивните, ние да си ги чевствуваме нашите загинати а сите заедно да дадеме се од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир“, напиша Ангелов.

Тој додава дека свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на владата, собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за Македонскиот државен и политички врв, како треба да се чевствуваат македонските Бранители од 2001 година кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината. Чевствување на загинатите но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски Бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година.

„За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад.

Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв“, пишува Ангелов.

Тој потсетува дека во земјава има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен обележја како и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО