16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Анархистичка група ја презеде одговорноста за нападот во Атина

НАЈЧИТАНО

Анархистичката група „Илјадници сонца на ноќта“ ја презеде одговорноста за поставениот импровизиран експлозивен механизам што минатата среда предизвика пожар во зградата во Атина на групацијата „Real“,каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот текст, припадниците на анархистичката група објаснуваат дека причината за нападот е двегодишнината од смртта на 26-годишното момче, кое според медиумите во Грција, им подлегнал на повредите во 2020 година откако бил претепан од полицајци.

Групата која ја презеде одговорноста во опширниот текст, детално го опишува нападот, ѝ се извинува на вработената во радиото „Real fm“, која беше полесно повредена и велат дека нивната цел не била нанесување на повреди или човечки жртви.

Истата група стои зад три други инциденти кога беа предизвикани пожари во банки, во канцеларија на Нова демократија и на службен автомобил на владејачката партија, извршени во ноември 2020 година, во јули 2021 година и во мај годинава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО