2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Американците предвидуваат страшна апокалипса, Украина ќе биде вратена во камено доба

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Националната електроенергетска мрежа на Украина наскоро би можела да пропадне, предизвикувајќи катастрофална криза, предупредува хуманитарната организација.

Во својот осми ракетен напад во последните осум недели, Русија во понеделникот ја нападна енергетската инфраструктура на Украина, предизвикувајќи прекини на струја низ целата земја.

Се проценува дека околу 50 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е оштетена од континуираните руски ракетни напади, а според Њузвик, „целата енергетска мрежа на земјата може да се урне во рок од неколку недели доколку продолжат нападите“.

Зимските температури во Украина честопати паѓаат до минус 20 степени Целзиусови, а соговорниците на Њузвик од една хуманитарна организација од Киев тврдат дека градовите во земјата „ќе станат речиси неиздржливи за живеење во следните четири месеци“.

– Се плашиме дека енергетската мрежа нема да издржи ако Русите продолжат со ова темпо на напад во следните неколку недели – рече Мајкл Јанг, директор на невладината организација „Мерси корпус“ во Украина.

– Со тоа мислиме на прекини на електрична енергија кои траат не само со часови или денови, туку потенцијално со недели – рече Јанг.

Тој рече дека иако прекините осудуваат милиони на зима во ледено доба, тие имаат и други значајни негативни ефекти, како што е затворањето на фабриките. Бизнисите што работат со генератори за време на делумното затемнување, исто така, ќе мора да ги зголемат цените за да ги покријат своите трошоци, дополнително оптоварувајќи ги луѓето кои се обидуваат да се прехранат.

– Сè е меѓусебно поврзано. Способноста на болниците и клиниките да продолжат да работат, да ги држат вакцините ладни, да складираат лекови. Складирањето храна, синџирите на снабдување, сето тоа зависат од сигурната моќност – додаде Јанг.

По нападот во понеделникот, шефот на Укренерго, Володимир Кудрики, рече дека „нема сомнеж“ дека руската војска „се консултирала“ со енергетски инженери пред да бидат истрелани проектилите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Нашла туѓа лична карта и си побарала брз кредит?

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Ковачевски и Таравари ќе разговараат за проширување на мнозинството

Премиерот Димитар Ковачевски, кој истовремено е и лидер на владејачката СДСМ, во изјава за медиумите потврди дека утре ќе има средба со претседателот на...

Уставните промени, со кои Бугарите би влегле во македонскиот Устав, не можат да се случат ниту брзо ниту лесно

Уставните промени, со кои Бугарите би влегле во македонскиот Устав, не можат да се случат ниту брзо ниту лесно, и покрај притисокот од соседна...
spot_img
spot_img
spot_img