23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Американците имаат недостиг од струја и од соларни панели

НАЈЧИТАНО

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба поради опасност од недостиг на електрична енергија, пишува Н1. Тој како решение предложи ослободување од царината за увоз на соларни ќелии и модули од Камбоџа, Малезија, Тајланд и од Виетнам. Мерката ќе трае две години или до укинување на состојбата, а се шпекулира дека токму вонредната состојба ќе му овозможи на Бајден да изврши притисок за користење на „зелена енергија“.

Во неговата писмена изјава се наведува дека неколку фактори меѓу кои и руската окупација на Украина го загрозуваат снабдувањето на САД со струја. За друг фактор земена е влошената клима поради климатските промени. На пример, се вели дека големата суша заедно со топлотните бранови до делови од земјата создаваат рекордна побарувачка на струја.

„Електричната енергија произведена преку сончевата енергија е исто така клучна за намалување на нашата зависност од електричната енергија произведена со согорување на фосилни горива, што предизвикува климатски промени. Министерството за одбрана ги препозна климатските промени како закана за нашата национална безбедност“, се вели во соопштението и се додава:

„Приближно половина од домашната употреба на соларни модули што беше планирана за следната година е моментално загрозена поради недоволното снабдување. Низ целата земја, соларните проекти се одложуваат или бидуваат откажани“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО