18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Американски суд дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович

НАЈЧИТАНО

Американски суд дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина, го наведе кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД.

Федерален судија во Њујорк ја одобри заплената побарана од федералните агенти. Се работи за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, чија вредност се проценува на повеќе од 410 милиони американски долари. Авионите се во сопственост и под контрола на рускиот милијардер и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.

Американскиот суд обвинува дека двата авиона во март се увезени во Русија од трети земји. „Боингот“ сега се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, а „Гулфстримот“ е во Русија.

Медиуми пишуваат дека нејасно е како американските власти ќе ги запленат авионите. Но, со пресудата, во иднина ќе се отежнат меѓународни патувања со тие авиони.

Американските власти побараа и парична казна за сопственикот.

Абрамович е еден во низата руски милијардери погодени со санкции поради руската инвазија во Украина

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО