16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Американскиот поморски институт анализираше сателитски снимки од поморската база во пристаништето Севастопол

НАЈЧИТАНО

Американскиот поморски институт анализираше сателитски снимки од поморската база во пристаништето Севастопол и заклучи дека две засолништа за делфини биле преместени во базата уште во февруари, кога Русија ја започна окуапцијата на Украина, пишува Б92. Делфините можат преку ехо да откријат подводни мини или да навестат напад во Црното Море.

Русија има долга историја на тренирање на делфини за воени цели и ги користи овие водни цицачи за да извлече предмети или да ги одврати непријателските нуркачи. Поморската база во Севастопол е од клучно значење за руската армија, бидејќи се наоѓа во јужниот дел на Крим, кој Москва го окупираше во 2014 година.

 

 

Но, делфини тренирале и Украинците. Во аквариум во близина на Севастопол, тие ги вежбале по програма која датира од советското време, но била напуштена во 1990-тите. Всушност, за време на Студената војна и САД и СССР развиле сопствени програми.  Американците потрошиле 28 милиони долари, а тренирале и моржови.

Украинската морнарица, всушност, ја рестартираше програмата во Севастопол во 2012 година, но делфините паднаа во рацете на Русија по анексијата на Крим во 2014 година. Украина сега неуспешно бара враќање на животните, а РИА Новости пренесува дека Москва планира да ја прошири својата шема.

 

 

– Нашите експерти развија нови уреди со кои на монитор може да се следат мините или други објекти кои ги откриваат делфините. Украинската морнарица немаше доволно средства за да развие таква програма и затоа некои проекти мораа да бидат затворени – изјавил анонимен извор за руската агенција РИА.

Две години подоцна, руската морнарица објави дека планира да купи уште пет делфини и објави тендер за договор вреден 1,75 милиони рубли (околу 21.000 долари) за испорака на делфини во базата во Севастопол до крајот на летото. Не се знае дали делфините за кои се верува дека денеска се во Севастопол се истите за кои бил распишан тендерот.

Сателитските снимки од 2018 година открија дека Русија користела делфини и во својата поморска база во Тартус во Сирија за време на сириската војна.

Делфините не се единствените морски животни обучени од руската војска. Се верува дека китот белуга забележан на брегот на Норвешка во 2019 година исто така бил обучен од руската морнарица.

Рибарите пријавиле дека китот белуга носел чудни појаси, на кои можеби имало камери и дека тој им пречи на чамците влечејќи ги за јажињата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО