-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Американец убил двајца и ранил петмина полицајци

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Американецот Ленс Сторц од Кентаки заврши во притвор откако синоќа убил двајца и повредил неколку други полицајци.

Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицајците.

Како што пренесува Еј-Би-Си, пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време.

Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив и едно полициско куче.
Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпе страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли.

– Ова е тешко утро за нашата заедница – напиша Бишер на Твитер.

Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img