7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Амбер Херд во „Аквамен 2“ ќе глуми помалку од 10 минути

НАЈЧИТАНО

Поранешната сопруга на Џони Деп со која во моментот се суди, Амбер Херд, ќе глуми помалку од 10 минути во филмот „Аквамен 2“. Одлуката ја донеле продуцентите откако беше покрената петицијата таа да биде исфрлена од актерската екипа, објави филмската критичарка Грејс Рендолф.

Петицијата ја потпишаа три милиони луѓе, а бројката постојано расте. Амбер Херд во првиот дел ја играше принцезата Меру. Џин Ларсон, која ја покрена петицијата, рече дека Амбер е насилничка и дека откажувањето на нејзиното појавување во „Аквамен 2“ ќе спречи „нејзиното злоставување да се глорифицира“.

За потсетување, актерката беше тужена за клевета од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, а голем број луѓе се на негова страна. Деп минатата недела пред судот изјави дека бил шокиран кога слушнал за откажувањето на неговото учество на снимањето на продолжението на „Пиратите од Карибите“, откако Херд во напис за „Вашингтон пост“ изјави дека била жртва на семејна злоупотреба. Таа не го именуваше директно.

– Деп изјави дека двапати го удрила во главата и го удрила со шише вотка, по што останал без горниот дел од прстот. Тие лузни ќе ги има засекогаш. Исто така, Херд во 2009 година била уапсена поради злоставување на својата поранешна партнерка Тасја Ван Ри“, рече Ларсон.

Таа додала дека и мажите можат да бидат жртви на семејно злоставување. Смета дека овој проблем мора сериозно да се сфати и дека треба да се преземат мерки за да се спречи насилниците да продолжат да бидат дел од шоубизот.

ФОТО: Твитер

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО