2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Алтернативен енергенс е второто решение

НАЈЧИТАНО

Премиерот Димитар Ковачевски апелира до граѓаните да бидат мирни во овие тешки времиња, затоа што, како што вели, деноноќно се работи за да се обезбеди сѐ.

Во гостување во емисијата „Клик плус” Ковачевски вечерва повтори дека е обезбедно да има парно во Скопје на 15 октомври и посочи дека за понатаму се подготвуваат две решенија, се преговара за набавка на гас и да има алтернативен енергенс. 

– Оваа година направивме се Скопје да има парно на 15 октомври. Не беше лесно со оглед на екстремно високата цена на гасот, но со оглед на краткотрајното намалување на цената на гасот и договорот којшто „Макпетрол“ го има со добавувач со којшто традиционално работи, до крајот на октомври е обезбедена количина за работа на топланите.  За понатаму се подготвуваат нормално две решенија, се преговара и за гас, меѓутоа и да има алтернативен енергенс кој што ќе може да се користи доколку нема гас – рече Ковачевски.

Тој укажа дека проблем е не само цената на гасот, туку и достапноста, но оти се прави се за да се обезбедат енергенси топлификација да работи во тек на цела зима.

– Проблемот е што не е само цената на гасот, меѓутоа и достапноста станува проблем, бидејќи вие знаете дека имаше практично диверзија на „Нортсрим” гасоводот кој што ги намали испораките, потоа често пати се случува намалување на протокот на гас за западно европските држави, количината која што оди преку ТАП од Азербејџан таа се користи целата во Италија и во Грција и дел во Бугарија бидејќи тоа се договори кои што тие ги имаат над 10 години, ние правиме се да обезбедиме енергенси да работи топлификација во тек на цела зима – рече Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО