23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Алијансата не е закана за никого

НАЈЧИТАНО

Ставот на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата во однос на проширувањето е јасен, а тоа е дека ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата. Тоа значи дека секогаш кога некоја земја ќе изрази прво волја да стане членка на Алијансата, ние тоа го прифаќаме, но треба да се следи процесот на нејзино пристапување и во оној момент кога земјата ќе ги исполни условите да биде земја – членка на Алијансата, е добредојдена, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Ширењето на НАТО Алијансата не треба да претставува закана за никого, туку напротив мислам дека тоа е дополнителна вредност за мирот и стабилноста во регионот и на територијата на НАТО Алијансата , но и во светот, затоа што НАТО е политичко-воен сојуз, меѓутоа пред се знаеме дека се заснова на политиката на одвраќање и на гарантирање на безбедност – изјави Петровска.
Петровска информира дека во рамки на годишните планирани активности на НАТО, нашите војници учествуваат во вежбите, а она што е донесено како одлука минатата година е учеството на припадниците на Армијата на Северна Македонија во контингентот во Латвија.

– Тие треба да бидат заминати веќе во текот јуни. Учеството не само во оваа мисија, но и генерално во сите мисии и вежби во НАТО се смета како зајакнвуање и на сопствените национални капацитети затоа што претставува одлуична можност за соработка на припадниците на нашата армија, со колегите од другите армии, истакна министерката Петровска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО