25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Алина да го убеди да ја прекине војната

НАЈЧИТАНО

Пријателките на Алина Кабаева, наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, ја молат да оди во Москва и да го убеди да престане да врши агресија врз Украина.

„Изгледа дека тој не сака да слуша никого, но можеби нејзе ќе ѝ појде од рака да го убеди. Путин има силно обезбедување, а Алина не е сигурна дали воопшто би можела да дојде до него. Дури и да успее во тоа, таа не  дали после тоа ќе може да се врати дома, односно кај нивните деца“, изјавил неименуван извор за американските медиуми.

Да потсетиме, медиумите на почетокот на март објавија дека Путин ги крие Алина и нивните четири деца во Швајцарија – две момчиња и две девојчиња.

Алина и Путин никогаш не ја признаа аферата. Медиумите објавија и дека Алина има неколку пасоши со различни имиња и националности.

Русите, Белорусите и Украинците покренаа петиција до швајцарските власти за протерување на Алина од земјата. Досега, повеќе од 57.000 луѓе ја потпишале петицијата.

Таа наводно се крие со своите деца во луксузна вила во близина на границата со Франција.

Откако се шпекулираше за нејзината врска со Путин, Алина ги намалила јавните настапи.

Таа неодамна се огласила за руската окупација на Украина, гневна поради фактот што Русија беше отсечена од сите големи спортски настапи, а на Олимипијадата не ѝ беше дозволено да ги користи своето знаме и химна поради претходни допинг-скандали.

„Верувам дека никогаш немало посрамна страница во историјата на светскиот спорт. Раководството на многу меѓународни спортски организации долго време и под разни изговори се занимава со целосно неспортски работи. Сега веќе и не се крие. Нивната „грижа“ за светот е лицемерна како и борбата за чист спорт“, изјавила таа за дневниот весник „Спорт Експрес“.

Путин, инаку, до 2013 година беше оженет со Људмила со која има две ќерки, Марија (36) и Катерина (35), но и за нив не се знае многу.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО