20.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

Актерот Стив Бартон ја напушти бремената сопруга

НАЈЧИТАНО

Американскиот актер Стив Бартон, најпознат по улогата во сапуницата „Општа болница“, откри дека ја напушта бремената сопруга која чека дете со друг маж.

 

Приватниот живот на Стив се превртел наопаку откако дознал за неверството на сопругата Шери Гастин со која е во брак 23 години.

Деталите за нивното разделување актерот ги сподели на својот инстаграм-профил.

„Сакам да разјаснам нешто. Шери и јас се разделивме. Таа неодамна соопшти го очекува четвртото дете. Тоа дете не е мое. Ќе продолжиме да ги одгледуваме нашите три прекрасни деца“, напишал Стив во својата објава, барајќи приватност. Парот, кој е во брак од 1999 година, има две ќерки Макена и Бруклин и син Џек.

Инаку, Стив е дел од актерската екипа на сапунската опера „Општа болница“ од 1991 година, во која го толкуваше ликот на Џејсон Морган, кога на крајот на 2021 година беше отпуштен бидејќи одбил да се вакцинира против коронавирусот.

„За жал, добив отказ поради мојот однос кон вакцинацијата. Знаете, тоа боли. Ова за мене е лична слобода и мислам дека никој не треба да ги загуби основните средства за егзистенција поради ова“, изјавил актерот своевремено за странските медиуми.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО