7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Актерот Семјуел Л. Џексон доби Оскар

НАЈЧИТАНО

Американскиот актер Семјуел Л. Џексон доцна во петокот го доби почесниот Оскар за животно дело.

Џексон глумеше во „Доаѓање во Америка“, „Добри момци“, „Приказни за пет пени“, „Умри машки“ и во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а досега има само една номинација за Оскар за улогата во „Приказни за пет пени“ “.

Тој е познат по неговата соработка со режисерите Спајк Ли и Квентин Тарантино.

Наградата на Американската академија за филмски уметности и науки му беше доделена во пресрет на 94-тото доделување утревечер во Лос Анџелес.

Оскарот на Џексон му го врачи Дензел Вашингтон, кој рече дека наградуваниот актер снимил повеќе од 150 филмови со вкупна заработка од 27 милијарди долари.

Норвешката ѕвезда Лив Улман, која во 1967 година стана позната во светот по улогата во филмот „Персона“ на славниот Ингмар Бергман, на истата церемонија го доби почесниот Оскар.

Наградата за политички активизам ја доби Дени Гловер (75), познат во „Виолетова боја“ на Стивен Спилберг, а потоа покрај Мел Гибсон во сагата „Смртоносно оружје“.

Покрај неговата актерска кариера, Дени Гловер водеше кампања за цели кои се движат од движењето за граѓански права во САД до крајот на апартхејдот во Јужна Африка.

Утре вечер во Лос Анџелес ќе се одржи 94-тото доделување на Оскарите, на кое годинава фаворит е филмот „Моќта на кучето“ на новозеландската режисерка Џејн Кемпион, со вкупно 12 номинации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО