16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Актерката Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас добија уште една ќерка

НАЈЧИТАНО

Актерката Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас станаа родители по вторпат.

Нивните портпароли за магазинот „Пипл“ потврдија дека двојката добила уште една ќерка на 14 јули годинава.

Софија и Џо ја добија својата прва ќерка Вила во 2020 година. И постарата сестра со нетрпение ја очекуваше нејзината улога, истакна ѕвездата од „Игра на тронови“ која потврди дека е бремена минатиот мај.

– Сето ова е за мене. Воспитување на нова генерација. Најдоброто нешто за мене е да ја гледам како учи и совладува нови работи. И ние многу се радуваме на проширувањето на семејството. Ова е вистински благослов – истакна таа за британското издание на магазинот „Ел“ во јуни 2022 година.

Тарнер неколкупати се појави на црвениот тепих со труднички стомак. Таа привлече посебно внимание со доаѓањето на Оскарите, како и на Мет гала.

Името на новородената ќерка се уште не и е познато на јавноста.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО