21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Актерката и пејачка Алиша Вит неодамна на својот инстаграм-профил објави како се разболела, но и го преболела ракот на дојката

НАЈЧИТАНО

Актерката и пејачка Алиша Вит неодамна на својот инстаграм-профил објави како се разболела, но и го преболела ракот на дојката.

„Пред два месеца ја примив последната рунда на хемотерапија пред мастектомијата (отстранување на дојките). Мојот прекрасен и комуникативен лекар @habidoss во @tnoncology беше тука со нас за да удрам во ѕвоното! Иако сѐ уште не бевме сосема сигурни дека болеста по мастектомијата целосно ќе се повлече од мојата лева дојка“, напишала актерката.

 

Напоменала и дека со себе имала „тим од човечки ангели“, кои биле со неа и ѝ го подигнале духот.

„И додека ми беше последното нешто на ум дали сè уште ќе имам коса, сакав да ја задржам дијагнозата за себе додека целосно не се излекуцам“, напишала таа во соопштението од болницата.

На крајот на минатата година актерката ја погоди уште една трагедија. Имено, нејзините родители ненадејно починаа, а на почетокот на годинава истрагата покажала дека причина за смртта најверојатно е срцева слабост поради смрзнување.

Нејзината мајка и татко беа пронајдени мртви во нивниот дом.  Актерката неколку дена не се слушнала со родителите, а потоа го замолила својот роднина да провери дали се добро.

Нејзиниот роднина потоа ја контактирал полицијата која ги пронашла безживотните тела на Роберт (87) и Дајан Вит (75).

 

Инаку, Алиша Вит почнала да глуми кога имала осум години, а меѓу другото се појавила и во филмот „Дина“ на режисерот Дејвид Линч.

Потоа се појавија гласини дека актерката не се грижела многу за своите стари родители.

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО