23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Ако се прашува Слави Трифонов нема преговори додека Бугарите не влезат во Уставот

НАЈЧИТАНО

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов во интервју за приватното радио „Дарик“ вели дека ја напуштил владејачката коалиција поради Македонија, додавајќи дека е прекршен коалицискиот договор.

– Ја напуштам владата поради Македонија – изјави Трифонов по повеќе од еден час разговор, изразувајќи ја својата иритација поради ова прашање.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, додека локалните Бугари не бидат дел од уставот на Северна Македонија и не започне имплементацијата на Договорот од 2017 година и доколку тоа зависи од него, Скопје не би ги почнало преговорите за членство во ЕУ.

Тој беше дециден дека излегувањето од владејачката коалиција е правилно, бидејќи е помалку лошо од она што почна да се формира.

Според Трифонов, Кирил Петков и Асен Василев се забораваат и се однесуваат на неадекватен начин. Беше категоричен дека тие треба да се запрат, и дека тој тоа го направил. Најголемиот компромис што го направиле тој и неговата „Има таков народ“ е да коалицираат со Бугарската социјалистичка партија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО