16.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Адеми од ДУИ се извини за вчерашниот инцидент, кога по пратениците од опозицијата фрлаше со тврди предмети

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми од ДУИ), се извини за вчерашниот инцидент, кога по пратениците од опозицијата фрлаше со тврди предмети.

Во изјава за „Слободен печат“ Адеми изрази жалење за инцидентот, но вели дека настаните биле испровоцирани од опозицијата.

– Тоа не требаше да се случи. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и не треба да потпаѓаме на вакви провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенти за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Станува збор за закон кој овозможува владеење на правото и затоа опозицијата сакаше да го оневозможи неговото донесување. Такви сцени не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од било кој друг. Жалам за ваквите сцени – вели Адеми.

Тој додаде и дека опозиционерите се обиделе да го спречат гласањето за дневниот ред и дека имало насилство врз него.

– Сите пратеници имаат партиска агенда, но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот на сила ми го зедоа и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење – вели Адеми и за целиот инцидент го обвинува Антонио Милошоски.

– Тој (Милошоски) е под влијанија на странски служби и ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Познато е дека е против албанското образвование и дека е бугарофил – вели Арбр Адеми.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО