27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Агенцијата за разузнавање: Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата за разузнавање, тој од 8 јуни 2022 е суспендиран од работа

НАЈЧИТАНО

Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата за разузнавање, тој од 8 јуни 2022 е суспендиран од работа, се вели во одговорот на Агенцијата на прашањето на МИА во врска со денешната објава на поранешниот технички министер за внатрешни работи и поранешниот директор на Агенцијата дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем.

„На 08.06.2022 Наќе Чулев е суспендиран од работа. Причина за суспензија е добиеното Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со кое се регулира материја поврзана со безбедносниот сертификат. До овој момент Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата. Со ова Агенцијата за разузнавање констатира дека Наќе Чулев манипулира со јавноста, се наведува во одговорот на Агенцијата.

Претходно Чулев на Фејсбук објави дека по 25 години во служба за татковината повеќе не е дел од безбедносниот систем.

„По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем. Криминалниот режим кој ја предводи власта и за жал ја води државата со сета сила удри и по мене и по мојот професионален интегритет. Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата, напиша Чулев.

Тој наведува дека сите овие години бил „во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија“.

„Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери, додаде тој во објавата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО