17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Австрија ја укина задолжителната вакцинација против Ковид

НАЈЧИТАНО

Во Австрија ќе се укине задолжителната вакцинација против Ковид, најави денеска во Виена министерот за здравство Јоханес Рауч. Според австриската новинска агенција АПА, законот е суспендиран извесно време, но според министерот Рауч „никој не е вакциниран поради задолжителна вакцинација“.

Дебатата за задолжителната вакцинација предизвика длабоки поделби во семејствата, групите и бизнисите во Австрија, рече Јоханес Рауч. Според него, на општеството му е потребна солидарност, особено во време обележано со многу грижи, висока инфлација и војна во Украина.

Поради потенцијалните нови бранови на инфекции со новиот коронавирус, населението треба да се увери во корисноста на засилената вакцинација, што, според министерот, може да се случи само доколку подготвеноста за вакцинација се заснова на доброволна одлука на поединецот.

Задолжителната вакцинација беше воведена и започната во Австрија во февруари, со што Австрија стана првата земја во ЕУ што воведе задолжителна вакцинација против Ковид. Одлуката беше поддржана од сите парламентарни партии освен десничарските либерали на ФПО.

Оригиналниот план предвидуваше дека од 15 март наваму, секој во Австрија кој ќе одбие да се вакцинира ќе се соочи со казна до 3.600 евра. Сепак, владата на конзервативната ОВП и Зелените тогаш рекоа дека барањето не е пропорционално на моменталната здравствена состојба во земјата.

Интересот за вакцинација е значително намален од почетокот на годината. Од март, на местата за вакцинација има особено малку луѓе. 62,4 отсто од Австријците се целосно вакцинирани. Како и во Германија, бројот на нови инфекции со коронавирус во Австрија моментално нагло расте. Седумдневниот број на инфекции на 100.000 жители е околу 550 во Австрија.

Во последно време повторно е зголемен бројот на заболени од Ковид во редовните болнички одделенија, но во одделенијата за интензивна нега состојбата засега е непроменета. Пополнетоста на креветите со пациенти со Ковид во моментов е споредлива со летото 2021 година, според АПА.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО