25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Австрија се подготвува да го укине карантинот за лицата со ковид-19

НАЈЧИТАНО

Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со коронавирус.

Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека.

И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч подготвуваат нова уредба за ковид-19 што содржи укинување на карантинот.

Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО