Адвокатите на американскиот претседател Џозеф Бајден пронајдоа нови доверливи документи во неговата канцеларија, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен нашле десетина досиеја, јави Си-Ен-Ен. Сега, некои републиканци бараат од ФБИ да изврши рација во домовите на претседателот Џо Бајден.
Сè уште не е познато кога и каде адвокатите на Бајден ги пронашле дополнителните документи.
Првичното откривање на доверливи документи во поранешната канцеларија на Бајден поттикна потрага на други локации каде што можеби биле оставени документи од неговото време како потпретседател.
Конгресната комисија вчера најави дека ќе го испита случајот.
Претходникот на Бајден, Доналд Трамп пред извесно време изјави дека невладината на Бајден примила средства од Кина и дека кинеските власти ги имале увид во документите.