More

    Ќе биде отворен пункт за мобилизација на контролниот пункт Горњи Ларс на границата меѓу Русија и Грузија

    spot_img

    Ќе биде отворен пункт за мобилизација на контролниот пункт Горњи Ларс на границата меѓу Русија и Грузија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Руската Република Северна Осетија. Во соопштението објавено на каналот Телеграм не се прецизираат причините за отворањето на пунктот за мобилизација, пренесува Н1. За реките од автомобили кои се редат на оваа граница Плусинфо веќе пишуваше.

    Сателитските снимки од компанијата „Максар Технолоџис“ сугерираат дека се гради база за мобилизација покрај редот возила.

     

     

    „Протокот на патнички возила кои се движат кон Грузија сериозно се зголемува. Со цел да се намалат ризиците од незаконско однесување и појава на конфликтни ситуации, донесена е одлука да им се дозволи на граѓаните да ја минуваат границата пеш“, се наведува во соопштението.

    Ден претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека шпекулација се вестите дека Русија ќе ги затвори границите со соседите во обид да ги задржи дезертерите.

    Потпретседателот на Владата на Грузија, Ирбек Томаев, во понеделникот објави дека во редот за влез во Грузија има околу 3.500 патнички и околу 1.300 товарни автомобили.

    Од почетокот на делумната мобилизација во Русија, на 21 септември, на граничните премини со соседните земји за кои на Русите не им е потребна виза, има огромни редици за напуштање на Русија.

    – Грузија нема причина да ја затвори границата со Русија, но засега презема мерки за зајакнување на контролата на граничните премини – изјави грузискиот министер за полиција Вахтанг Гомелаури, пренесува Интерфакс.

    – Не ги разбирам барањата на еден дел од опозицијата да ја затвори границата со Русија, а другиот, напротив, да прифати што повеќе Руси. Немаме причина да ја затвориме границата со Русија – рече тој.

    Според него, деновиве границата со Грузија ја минуваат околу 10.000 Руси, што е за околу 40 до 45 отсто повеќе отколку пред 21 септември, односно најавата за делумна мобилизација во Русија, кога во Грузија секојдневно пристигнуваа околу 6.000 Руси. Тој додаде дека околу 60 отсто од Русите кои пристигнале во Грузија веќе ја напуштиле земјата.

    – Граѓаните на Русија со години ја посетуваат Грузија, така што сега нема да создаваме пречки за овој процес – вели министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img