More

    Ја прави ли Русија грешката на Наполеон и Хитлер?

    spot_img

    „Генерал Зима“ не е на страната на Русија, како што тоа било во минатите војни, пишува Си-Ен-Ен во своја статија. „Најголемата воена сила на Русија сега стана нејзина слабост“, гласеше насловот на сличен текст објавен во Њузвик. И во двете статии се вели дека Владимир Путин не може да смета на снегот онака како претходно. Ја прави ли Путин грешката на Наполеон и Хитлер, овојпат во Украина?

    – Интересно во врска со Наполеон и Хитлер е тоа што во двата случаи, напаѓачите мислеле дека ќе постигнат победа пред да започне зимата и затоа не ги подготвиле соодветно своите трупи за зимската клима – изјави за Њузвик Вилијам Кортни, поранешен американски амбасадор во Грузија и Казахстан.

    Зимата не ја вразуми Европа

    Кортни ја споредува таа ситуација со сегашната каде Кремљ сметаше дека војната ќе заврши пред зимата. Тој вели дека Украинците се подобро подготвени за зимата од Русите. Тука се мисли и на облеката и опремата. Но истовремено, оваа зима е изненадувачки блага.

    Во првата статија на Си-Ен-Ен, се наведува и друг аргумент. Тоа е дека Европа опстои на своите санкции и дека нејзините резерви со природен гас во моментов се полни.

    – Русија сметаше на студена зима што ќе ја „вразуми“ Европа и ќе ги убеди граѓаните низ континентот дека поддршката за Украина не вреди колку дупката во нивните паричници – објаснува Кир Џајлс, виш советник во американскиот тинк-тенк Четам хаус.

    „За високите резерви, секако, придонесе и внимателната диверзификација на изворите за снабдување со гас што европските власти ја прават со месеци, значително намалувајќи ја зависноста на централноевропските држави од рускиот гас. Уцените на Путин преку инструментализацијата на зимата се чини дека не поминуваат“, се вели во статијата која ја пренесе и Катимерини.

    фотоизвор: твитер

    Топлата зима ѝ даде време на Европа

    Адам Бел, поранешен функционер за енергетика на Обединетото Кралство, вели дека топлата зима „ѝ даде време на Европа”. Постудениот декември и јануари би изел голем дел од европските резерви на природен гас, што би можело да доведе до сериозен недостиг, вели Бел.

    Тој, сепак, предупредува дека едноставното складирање гас не е доволно.

    – Потребно е да се работи повеќе на ефикасноста. На домовите и на деловните субјекти им требаат згради кои трошат помалку енергија преку изолација. Компаниите мора да ги променат своите производни процеси за да станат независни од природниот гас.

    Можеби сега е времето за зелена енергија

    Можеби инвазијата на Украина е катализаторот што ѝ требаше на политиката за животната средина на Европската Унија. На среден рок, Европа сега има можност да спроведе некои од промените во моделите на потрошувачка на енергија кои се покажаа политички тешки.

    Приговорите за обновливите извори на енергија, како што се фармите со ветерници и критиките за цената на политиките за нула влијание на животната средина, сега се гледаат во ново светло кога вистинските трошоци и нестабилноста на увезениот гас се поочигледни.

    – Владите би можеле да направат повеќе за да го поттикнат и забрзаат развојот на обновливите извори на енергија – вели Џон Спрингфорд, заменик-директор во Центарот за европски реформи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img