More

    Јапонските репрезентативци им одржаа лекција и на Германците и на светот

    spot_img

    На четвртиот ден на Светското првенство во Катар Јапонија приреди сензација откако со пресврт ја совлада извиканата и фаворизирана Германија со 2-1 (0-1) во рамки на првиот натпревар во групата Е.Германската репрезентација поведе на стадионот „Калифа интернешнл“ во Доха преку Гундоган од пенал во 33 минута. Израмнувањето дојде во 75 минута преку напаѓачот на бундеслигашот Фрајбург, Ритсу Доан, а целосен резултатски пресврт за голема победа на Јапонија донесе уште еден бундеслигашки фудбалер, Такума Асано од Бохум, со прецизен удар во 83 минута.

    Но, она што уште повеќе ги воодушеви спортските фанови широм светот беа фотографиите од соблекувалната на јапонските репрезентативци, кои тие ги оставија во совршен ред, како и фотографиите кои осамна на Фејсбук на кои се гледа како репрезентативците на Јапонија го собираат ѓубрето од трибините што зад себе го остави публиката. Ваквото однесување наиде на бројни пофални коментари.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img