More

    Ѓоковиќ ја врати топката кај Австралиецот Минор

    spot_img

    Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ реши да ги расчисти пред новинарите дилемите околу тоа дали неговата повреда на ногата е вистинска, јавува Мондо. Откако неговиот противник Алекс де Минор кој го изгуби мечот од асот го обвини дека „прилично добро се движел“, Ѓоковиќ изјави:

    – Тоа им го оставам на нив… На оние луѓе кои се сомневаат нека продолжат да се сомневаат. Интересно е што се сомневаат само за моите повреди, а кога ќе се повредат некои други играчи, тогаш тоа ги погодува и потоа тие се жртви, а јас сум играч кој се преправа. Многу е интересно ова. Ќе го оставам недоречено, но знаете за кого се работи – изјави Ѓоковиќ без влакна на јазикот и продолжи со истиот тон во разговорот со српските новинари.

    Немам чувство дека треба да го докажам тоа на никого. Имам снимки од оваа и од пред две години. Ултразвукот е тука да го докаже тоа. Не знам дали ќе ги објавам во документарен филм или на социјалните мрежи – можеби нема. Сè зависи од тоа како се чувствувам, а сега не ми е гајле што мислат луѓето. Смешно е како продолжува наративот околу мене, кој е различен од другите играчи, а ние поминуваме низ слични ситуации. Навикнат сум да се соочувам со тоа и уште повеќе ме мотивира. Им благодарам затоа што ме мотивираат… – рече Ѓоковиќ според кого ова бил најдобриот меч кој го одиграл во 2023 година.

    Тој додаде и дека „минатите две години паднаа многу маски“ .

    Претходно, Алекс Минор обвини дека Ѓоковиќ ја лажирал повредата:

    – Не знам, кажете ми како изгледаше (Ѓоковиќ)? Мислам дека се движеше доста добро, не знам… – ги крена раменици Де Минор неколку пати и потсмевно се насмеа.

    Новинарите инсистираа тој да продолжи да зборува за Ѓоковиќ.

    – Сите видоа што се случува во последните неколку недели и сега само за тоа се зборува. Играв против него денеска и или не сум доволно добар тенисер за да го искористам тоа или тој играше премногу добро. Тој беше премногу добар во секоја смисла – изјави австралијанскиот тенисер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img