More

    Шолц ја образложи одлуката за испраќање на „леопардите“

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот ја образложи владината одлука за испорака на тенкови „Леопард 2″ на Украина и истовремено ја отфрли можноста за испраќање војници и авиони во таа држава.

    – Нема да испраќаме војници или авиони во Украина. Тоа, исто како и американскиот претседател Џо Бајден, го ставивме до знаење пред неколку месеци – рече германскиот канцелар Шолц одговарајќи на прашања од пратеници.

    Пред тоа, Шолц ја образложи претходно објавената владина одлука за испраќање тенкови „Леопард 2″ во Украина и го оправда доцнењето во врска со донесувањето на оваа одлука.

    – Имаме војна во Европа и недалеку од Берлин. Затоа мојата цел од самиот почеток беше да го спречам ширењето на таа војна на членките на НАТО. И затоа е правилно овие системи на оружје никогаш да не се испорачуваат сами, туку во соработка со нашите партнери – рече Шолц во Бундестагот.

    Пред тоа, германската Влада ја објави одлуката за испраќање 14 тенкови „Леопард 2″ и за издавање дозвола за испорака на ова оружје во други земји.

    Шолц им се обрати и на граѓаните на Германија кои се „загрижени поради оваа одлука”.

    – Имајте доверба во моите и одлуките на германската Влада. Ќе се погрижам сите одлуки сепак да се носат во договор со меѓународните партнери – рече Шолц, додавајќи дека ќе продолжи да и помага на Украина, но така што тоа нема да го зголеми ризикот за Германија.

    Германскиот канцелар објасни дека сепак ќе биде важно да не се носат избрзани одлуки за да се спречи конфликтот меѓу Русија и НАТО, но додаде дека „нема математичка” сигурност од каде започнува опасноста од ескалација.

    Шолц реагираше на критиките, кои дојдоа и од редовите на партиите од владејачката коалиција, дека Германија предолго чекала со одлуката за испорака.

    – Многу е важно да не носиме избрзани одлуки под притисок, туку целосно да соработуваме со партнерите од НАТО – рече Шолц.

    Тој нагласи дека Германија и понатаму ќе ѝ помага на Украина колку што може.

    – Германија секогаш ќе биде во првите редови кога е во прашање помошта за Украина. Досега испративме оклопни возила, противвоздушни системи, а сега и тенкови „Леопард“ – рече германскиот канцелар.

    Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се заблагодари на одлуката на Германија да испрати тенкови „Леопард 2″ во Украина.

    Зеленски во првата изјава по донесената одлука на Берлин на социјалните мрежи напиша дека е „искрено благодарен” на германскиот канцелар Олаф Шолц.

    „Германски борбени тенкови, проширување на одбранбената поддршка и мисии за обука, зелено светло за партнерите да испратат слично оружје. Само што слушнав за овие важни одлуки во телефонски разговор со германскиот канцелар Шолц. Искрено сум му благодарен, како и на сите наши пријатели во Германија”, напиша Зеленски.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика сите земји кои имаат тенкови „Леопард 2″ да „обезбедат што е можно повеќе од нив” за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.

    „Значи, беше формирана тенковската коалиција. Сите оние кои се сомневаа дека тоа некогаш може да се случи, сега видоа: За Украина и нејзините партнери нема невозможно. Ги повикувам сите нови партнери кои имаат тенкови „Леопард 2″ во служба да се приклучат на коалицијата и да обезбедат што е можно повеќе од нив”, напиша тој на Твитер.

    Во меѓувреме, Владата во Киев побара од своите западни сојузници да ѝ обезбедат воени бродови и подморници, јави ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img