More

    Шмит: Следната година нема да има прослава на 9 јануари како оваа година

    spot_img

    Високиот претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит изјави дека следната година 9 јануари како Ден на Република Српска нема да се слави на ист начин како што беше годинава.

    „Треба да се каже дека 9 јануари 2024 година нема да се случи во тие рамки и на тој начин. Затоа, може да се слават национални и ентитетски празници, но тоа може да се направи на поинаков начин и никој за тоа нема да добие круна“, изјави Шмит за сараевско Ослобоѓење.

    Тој додаде дека претпоставува дека Обвинителството на Босна и Херцеговина „ќе ги провери и прегледа говорите“ од овогодинешната прослава на Денот на РС, нагласувајќи дека „државните службеници немаат што да бараат“ на таа прослава.

    „Нема да го свртам погледот. Затоа мора да се смени реториката и да се гледа критички на злоупотребата на зборови“, рече Шмит, додавајќи дека меѓународната заедница заедно со ЕУФОР се во БиХ за да ја осигура безбедноста на секој поединец.

    Коментирајќи го фактот што претседателот на РС Милорад Додик му го додели орденот на рускиот претседател Владимир Путин, Шмит рече дека орденот треба „да им се додели на оние кои се грижат и се залагаат за мир, помирување и патот на Босна и Херцеговина кон Европска унија”.

    „Русија е единствената земја која ја доведува во прашање функцијата на високиот претставник и ми се чини дека треба да се праша Додик дека не е таква ситуацијата на автопатот – ако некој вози во спротивна насока, тоа не значи дека сите другото вози во погрешна насока“, изјави тој.

    Високиот претставник во Босна и Херцеговина го осуди неодамнешниот напад врз родители и деца од Белград за време на меѓународниот детски фудбалски турнир во Сараево, наведувајќи дека е загрижен поради тоа.

    „МУП и полицијата направија добра работа и им благодарам. За жал, во последно време слушаме разни реторики кои не помагаат многу. Сега мораме да спречиме се што може да доведе до насилство во која било форма“, рече Шмит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img