More

    Шведска и Финска потпишаа протоколи за пристапување во НАТО

    spot_img

    Шефот на шведската дипломатија Ен Линде и финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто ги потпишаа пристапните протоколи за членство во НАТО во Брисел.

    Во своето воведно обраќање Линде рече дека Шведска како идна членка на алијансата ќе придонесе за безбедноста на сите членки, пренесе Радио Слободна Европа.

    „Со 32 нации на маса, ќе бидеме уште посилни, а нашиот народ ќе биде уште побезбеден бидејќи се соочуваме со најголемата безбедносна криза во последните неколку децении“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и им се заблагодари на сите членки, особено на Турција, за брзо прифаќање на двете земји.

    Тој додаде дека членките на алијансата споделуваат вредности и дека силите на НАТО се интероперабилни со Шведска и Финска.

    Двете земји сега имаат статус на функционери, а Линде истакна дека се надева оти патот до нивното полноправно членство ќе биде брз.

    Пристапниот протокол потпишан денеска мора да биде ратификуван од сите 30 земји-членки на НАТО.

    „Различни земји имаат различни процедури, така што јас сум внимателен во предвидувањето кога би можело да се заврши, но сметам на сојузниците да го направат процесот брз и едноставен“, посочи Столтенберг, оценувајќи дека се работи за „околу месеци“.

    Тој нагласи дека ова е најбрзиот пристапен процес досега во историјата на алијансата.

    Поради руската инвазија на Украина, Шведска и Финска ја напуштија својата традиционална неутралност, а НАТО официјално ги покани да се приклучат на најголемиот воен сојуз на 29 јуни на самитот во Мадрид.

    Клучните предности што една земја ги добива со влезот во НАТО се воена заштита, вежби и одредено оружје, а во најекстремните ситуации гаранција дека зад себе ќе го имаат целиот пакт доколку ги нападне земја што не е членка, пренесува РСЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img